Македонската јавност Лиде Лиде ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.
Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде Лиде, денес на својот официјален ЈуТјуб канал објави песна со наслов „Лиде на Венко“.
Лиде е потпишана и како авторка на текстот и музиката на новиот хит кој е снимен во студиото на Димитар Маневски.
Имено, Лиде долго време беше редовна во делот за коментари на бројните прес – конференции на министерот, која честопати инсистираше на средба со Филипче, а таа средба се отвари неодамна, сосема случајно според изјавите на Лиде.