Отворен регионален пунк за вакцинација во Велес

Почна со работа вакциналниот пункт за масовна имунизација во Велес. Четиристотини граѓани од Велес, Градско и Лозово, кои имаа термини за вакцинација, денеска ја примија првата доза. На првиот ден од отворањето на региналниуот пунк за вакцинација, во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“, присутен беше и Градоначалникот Коцевски. Тој изрази голема благодарност до општествено одговорните компании кои дадоа свој придонес во подготвувањето на пунктот за вакцинација. „Денес е значаен ден за Велес затоа што ништо не е поважно од здравјето на граѓаните. Многу сум среќен затоа што како ретко кога, бизнис заедницата пројави голем интерес и заедно со нив вложивме многу труд, енергија и финансиски средства да го опремиме пунктот и сметам дека е еден од најдобрите во земјава. Сакам да упатам јавна порака до Министерот за здравство Венко Филипче, Владата и сите институции вклучени во овој процес, да се избориме сите оние граѓани што ја примиле првата доза на вакцина во Кавадарци, да се ревакцинираат во овој пункт“, истакна Коцевски. Директорот на Јавната здравствена установа Никола Димовски рече дека се прават напори граѓаните на Велес кои се вакцинирале со првата доза во Кавадарци, втората доза да ја примат во пунктот во Велес. „Засега не можам да кажам дали граѓаните кои се вакцинираа во Кавадарци ќе можат да се ревакцинираат тука. Ние правиме напори со Министерството за здравство, да овозможиме граѓаните да се ревакцинираат тука“, рече Димовски. Во пресрет на граѓаните денеска им излегоа, волонтерите на ОО на Црвен Крст, претставници на армијата и полицијата. Од утре се очекува да се зголеми бројот на граѓани кои ќе се вакцинираат во пунктот за масовна вакцинација. Освен вакцините на Астра Зенека, треба да пристигнат и вакцини на Синофарм.Инаку, граѓаните кои се вакцинираа во Здравствен дом Велес, од утре ќе се ревакцинираат во истата здравствена институција.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s