„Love is so Good (многу ми е премалку…)“ е најновата песна на Игор Џамбазов. Текстот и музиката се дело на Игор а аранжманот е на Мите Димовски. На инструменти се: Гуру Харе (гитара), Дамир Имери (клавијатур и), Оливер Јосифовски (бас), Владимир Крстев (виолина) и Мите Димовски (тапани). Спотот е сниман на Попова Шапка а покрај кадрите од таму, во спотот се прикажува и дел од ликовното творештво на неговата партнерка Илина Арсова.