Дојдовме да го понудиме #Најдоброто за #Битола, за битолчани, за вашата општина. Најдоброто од Битола за Битола има свое име и презиме – Христо Кондовски, кандидат за ваш градоначалник, а згора на тоа уште 31 име и презиме од Александар Димовски и Жаклина Наумовска, па сѐ до Рабија Бајрамоска и Андреј Лозаноски, како кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Нашата листа за советници е составена од чесни, вредни и почитувани ваши сограѓани кои се цврсто решени да и служат верно на својата општина. Убеден сум, а верувам дека и вие сте убедени дека овие кандидати се најдоброто за вашата општина.Резултатите што ги постигнавме изминатите неколку години беа најдоброто за државата од осамостојувањето до денес, затоа и одговорноста на секој од нас да продолжи трендот на најдоброто од централно на локално ниво со интензивно темпо е голема.Од директните буџетски капитални програми за локални општински проекти, вложивме преку 100 милиони евра. Како никогаш претхосмо се инвестираше во секој регион, во секоја општина, во секое населено место, а тоа се гледа и во Битола. Се рехабилитираа неколку патни правци: делницата од обиколницата Битола во должина од 8 км, регионалниот пат Битола – Новаци и патот Прилеп – Тополчани – Битола, а во фаза на проектирање е патот до границата со Грција од 13км. Во моментот се асфалтира влезот во Битола од страната на Ресен.
Се изгради ЖП Битола – Кременица, а се гради и гасоводот Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола во должина од 92 км и е завшрен 98%.
Офицерскиот дом е целосно реконструиран.
Се инвестираше и во десетици проекти во воспоставување на водоводни и канализациони мрежи и изградба и реконструкции на улици на многу населени места на територија на општина Битола. Токму на ова мислиме кога велиме #НајдобротоЗаМојатаОпштина. Најдоброто се проектите реализирани за да им служат на сите граѓани. И на Битола, како и на другите општини, потребен ѝ е континуитет, а за тој континуитет гарант е #Најдоброто – кандидатот за градоначалник Христо Кондовски и советниците на победничката листа на #СДСМ и коалицијата.