Панчо и Андреј од ДНК не застануваат, повторно со ново музичко парче, ново и нешто поинакво за своите фанови.
Станува збор за синглот „Ваков таков“, кој всушност е и прва соработка со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа.
Текстот на песната е со потписот на Панчо и Young Dadi, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер. Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис, во чие LCV студио и е продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky, а веќе стандардно песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле.