Еден од најуспешните музичари и автори во регионот, Петар Грашо, по низата хитови кои ја освоија публиката последниве години, конечно го претставува долгоочекуваниот сингл „Jel ‘ti reka ko“.
Станува збор за расна медитеранска балада со исклучително силен и интимен текст и впечатлива интерпретација на Грашо. Во студиото на Томислав Мрдуљаш, Грашо внимателно ја усоврши песната со тимот чии песни ги освоија срцата на публиката и радио топ листите, Тончи и Вјекослава Хуљиќ.
Спотот во режија на Војан Коцеиќ е снимен во живописниот истарски хотел „Сан Роко“ и на неколку локации во Сплит.