Американската амбасадорка изјави дека под лидерство на Шекеринска одбранбената соработка меѓу САД и Северна Македонија се продлабочила како никогаш досега во изминатите 28 години
Радмила Шекеринска, која за неколку дена заминува од ресорот одбрана, стана првиот македонски министер кој добил знаме на САД во знак на заслуги за постигнувањата во одбранбената соработка меѓу Вашингтон и Скопје.
На церемонијата што се одржа во дворот на Министерството за одбрана, на која присуствуваше армискиот врв, американската амбасадорка Брнз ѝ го предаде знамето на САД, кое се веело над Амбасадата на САД во Скопје, на министерката Шекеринска како симбол на благодарноста и пријателството.