Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на 11-годишната Ембла Адеми и основното училиште „Единство” каде што таа следи настава во четврто одделение. Ова девојче со Даунов синдром го почна со задоцнување второто полугодие поради бојкот на родители на нејзини соученици што минатата недела предизвика бурни реакции во јавноста и од надлежните институции.
Со родителите на Ембла, Пендаровски разговараше за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат секјдневно, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување.


