(Видео) Адел триумфираше на овогодинешното доделување на Brit Awards, најважната годишна церемонија на доделување музички награди во Велика Британија

Британската пејачка Адел триумфираше на овогодинешното доделување на Brit Awards, најважната годишна церемонија на доделување музички награди во Велика Британија, што се одржа во лондонската О2 Арена, а можеше да се следи и на Јутјуб.

Ова најново издание на Brit Awards кои се доделуваат од 1977 година ќе биде запамтено по тоа што се укинаа родовите поделби и се воведоа категории за Уметник на годината и Меѓународен уметник на годината наместо претходните категории во кои беа избрани најдобрите во машка и женска категорија.

Адел, која ги освои првите три награди. „Queen of the BRITs“, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ја доби наградата за албум на годината, изведувач на годината и песна на годината „Easy on Me“.

Адел ја освои и наградата за уметник на годината, која беа номинирани и Литл Симз, Дејв, Ед Ширан и Сем Фендер.

Погледнете го настапот на Адел во живо на манифестацијата

Adele – I Drink Wine (Live at The BRIT Awards 2022)

Leave a comment