На официјалната церемонија, британската војска на македонски јазик ја поздрави министерката, по што воениот оркестар ја изведе македонската песна „Јовано, Јованке”.
Со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке” од страна на британскиот воен оркестар, министерката за одбрана Славјанка Петровска беше пречекана при официјалната посета на Обединетото Кралство и средбата со британскиот министер за одбрана, Бен Валас.
На официјалната церемонија, британската војска на македонски јазик ја поздрави министерката, по што воениот оркестар ја изведе македонската песна „Јовано, Јованке”. На овој начин, домаќините изразија почит кон Македонија, со што уште еднаш се потврди сојузништвото и соработката на двете земји, членки на НАТО.
Имаше многу реакции зошто не била изведена химната на Македонија, па се огласи и британската амбасада
