Нова душа на “Ако одам во Битола“, во преработка на Благојче, Димитар, Сара Мејс

Во големата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана преработката на песната “Ако одам во Битола“ на авторот Петар Георгиевски – Калица, која за многумина е најубавата битолска песна во поновата музичка историја.

Музичката преработка на оваа песна ја направи Благојче Трајковски, ја отпеа Димитар Андоновски, сето тоа е напополнето со звуците на харфата на Сара Мејс, заедно со групата “Фонтана“ од Битола и Камерниот оркестар на Битола.

Песната е напишата во 1989 година, а да се преработи оваа песна е тешка работа. Но, кога ќе се соберат на едно место професионалци, како што се Благојче Трајковски, Димитар Андоновски, Сара Мејс, група “Фонтана“ и Камерниот оркестар, тое не само што е возможно туку е и одлично направено.

Leave a comment