Данела Арсовска за Мицкоски: „Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите: Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“.
-Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа“. „Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“. Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани, посочи вечерва Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.