После милионските прегледи и големиот бум во земјава и регионот со „Bella“, младата трап ѕвезда Пајак промовираше нов дует. Овој пат со Антониа Гиговска, а со наслов „Хабиби“. Текстот и музиката се на Пајак, аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo, а излезе под етикетата на Урбан рекродс.
„Хабиби“ за помалку од 48 часа има повеќе од 265.000 прегледи на Јутјуб и многу позитивни коментари од почитувачите на македонската музика.