Леброн Џејмс и официјално стана најдобриот стрелец во историјата на НБА! Тој постигна 38 поени во поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Оклахома Сити Тандер со 133-130. Во својата дваесетта сезона во НБА, „кралот“ со шут на 10,9 секунди до крајот на третата четвртина го постави новиот рекорд, надминувајќи го Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.

По ударот, Леброн ги крена двете раце нагоре, погледна кон небото, а фотографите го опколија додека од трибините се слушаше „МВП, МВП, МВП…“
Натпреварот накратко беше прекинат поради церемонијата, а беше објавено и видео со важни моменти од кариерата на Леброн.
Потоа Карим Абдул-Џабар му ја предаде топката на Џејмс, двајцата позираа пред Леброн да го земе микрофонот: