(ВИДЕО) На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит вреден2,3 милиони евра

Лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати, велат од Царинската управа,

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ вчера се запленети над 43 килограми златен накит. Како што информираат од Царинската управа, станува збор за рекордна заплена на златен накит чија вредност се проценува на околу 2,3 милиони евра.

„По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа, кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато со дијаманти со приложени сертификати“,рече на денешната средба со новинарите Славица Кутиров, директорка на Царинската управа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s