Вчера и во македонскиот радиски етер, како и долж целиот регион, беше емитуван новиот сингл на загребскиот легендарен состав Парни ваљак – „Моја глава, моја правила“. Во Македонија, синглот ексклузивно го емитуваа: Македонско радио – прва програма, Радио Г, Метрополис Радио Мрежа, Бубамара и Скај радио.
Ова е прв сингл на Парни ваљак, снимен без сјајниот вокал на Аки Рахимовски, кој лани ненадејно почина. Овој пат во улога на новиот пејач на Парни ваљак го слушаме младиот и талентиран Игор Дрвенкар.