Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши мартовскиот термин со две победи на две средби. По триумфот над Малта во квалификациите за ЕП 2024 (2-1), избраниците на Благоја Милевски тешко, но заслужено, славеа над Фарски Острови (1-0) во првиот меѓусебен натпревар во историјата. Двете победи се мотив за следните предизвици кои доаѓаат во месец јуни, а прв меч е Украина на домашен терен.
Во 81. минута падна одбранбениот бедем на Фараните. Бојан Миовски излезе сам пред голманот откако доби една топка од Ашковски и го совлада по земја. Тоа беше се до крајот на натпреварот, затоа што Македонија не си дозволи да ја прокоцка победата пред домашната публика.
Во месец јуни Македонија ја чека еден домашен и еден гостински предизвик. Домашниот е против Украина закажан на 16 јуни, а три дена подоцна, на 19 јуни, националниот тим гостува на „Олд Трафорд“ во Манчестер кај Англија.