Тони Цетински сними дует со ITD band (Видео)

После долгогодишно привлекување на публиката и на фелата, Мирослав Рус конечно го најавува новиот албум на ИТД бенд „Orao nikad ne leti u jata“, а и истоимениот сингл штотуку се појави во радиобрановите ширум регионот.

Реактивирањето на бендот е со оригиналниот пејач на бендот, Бранислав Бекиќ, кој застана пред микрофонот покрај познатиот композитор и текстописец. Критиките предвидуваат дека новиот сингл ќе ја отвори вратата и за други песни од албумот што излегува деновиве и дека со тек на време тие ќе застанат покрај култните песни, како „Gradske cure“, „Rođen u Zagrebu“, „Sonja“, „Skidam te pogledom“ итн. Она што е куриозитет за новиот сингл е тоа што, заедно со Бранислав Бекиќ, песната е моќно надополнета со вокалот на Тони Цетински.

Leave a comment