
Повеќе нема уценување и понижување на земјоделците, ние го почитуваме трудот на земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и навремено. Во 2023 година имавме рекордна исплата на субвенции кон земјоделците, дополнително, воведовме нов модел на субвенционирање со кој за првпат воведовме авансна исплата на дел од субвенциите.

Против коридорите 8 и 10д се води политички мотивирана хајка полна со лаги, невистини и манипулации, само за да се спречи нивната изградба и да се
создаде тензија. Охриѓани многу добро знаат за огромните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги создаде со промашениот проект за автопатот Кичево – Охрид. Немаше предвидено приклучоци, надвозници, поради стар и несоодветен проект кој воопшто не соодведствува со реалната состојба на теренот. СДСМ ги санираше штетите, спроведе репроектирање, заштеди 95 милиони евра и ја продолжи изградбата. Зарем треба сега со новиот стратешки проект да се дозволи хаос и по 10 години да се чека на изградба? Не. Ние тоа нема да го дозволиме и покрај хајката што се води.

Претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски и портпаролката Богданка Кузеска денеска беа во Охрид, како дел од теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.Рамо до рамо со граѓаните на Петровец денеска беа Магдалена Грашковска и Дарио Николовски.