(Видео) „Стариот џумбушлија“ грмеше на плоштадот во Валандово: Ана Бекута крена на нозе и младо и старо со безвременскиот хит

Српската пејачка Ана Бекута со безвременскиот хит „Стариот џумбушлија“ ги собра валандовчани на плоштадот во градот.

Пејачката беше најавена како специјална гостинка на втората предфестивалска вечер од традиционалниот „Фолк фест Валандово“. Таа во 1991 година на овој популарен фестивал за народна музика Бекута ја отпеа песната, чија музика и текст е на Петар Ѓорѓиев – Калица и аранжман на М. Божиновски.

И младо и старо ги пееше стиховите на „Стариот џумбушлија“, песна без која не поминува ниту една веселба. Расположена Бекута ја крена на нозе публиката која уживаше во секој еден рефрен додека таа беше на сцената.

Дел од атмосферата во Валандово сподели и градоначалникот Перо Костадинов.

Leave a comment