Голема воена вежба на Криволак, пешадија, окопни возила, артилерија, хеликоптери, но и експериментални автономни борбени возила

Напад и ослободување на објект заземен од непријателски сили беше дел од сценариото на денешната показна вежба на Армискиот полигон Криволак што се одржа во рамките на меѓународната вежба „Брз одговор 23“ (Fast response 23).

На вежбата, која ќе трае до 5 јуни учествуваат повеќе од 1.800 припадници на македонската армија, како и од армиите на САД, Албанија, Црна Гора и од Косово. Вежбата е под раководство на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.

Во замислената борбена акција на Криволак беа вклучени пешадиски единици, придружени од хеликоптерите „AH-64 Apache“, „CH-47“ (Chinook), и „Ми 8/17“, како и борбените возила „Хамви“, „JLTV“ и оклопните возила „Кобра“ и „Хармелин“. Беше демонстрирана употреба и на роботизираното борбено возило „Project Origin“.

Фотографии: Тоше Огњанов

Leave a comment