Тамара ја објави својата нова песна „Торнадо“ (Видео)

Тамара Тодевска не губи време и на публиката повторно и понуди нешто ново и различно по втор пат годинава. Имено, Тамара ја објави својата нова песна „Торнадо“. Интересно е што текстот го потпишува српската пејачка и текстописец Ана Радоњиќ, попозната како Зои Кида, а за музиката и аранжманите беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Лазар Цветкоски.Спотот за песната го изработи продуцентската куќа „Дивижн“, а во текот на јуни се снимаше на повеќе локации низ Скопје. „Торнадо“ е втор сингл на Тамара годинава, кој има повеќе бои, побрз ритам и позитивна енергија, а одлично се вклопува со топлите летни денови.

Leave a comment