„БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА“ Осмомартовски марш на СДСМ во Кавадарци

“Денес, на традиционалниот марш во Кавадарци, организиран од Форумот на жени на СДСМ по повод Меѓународниот ден на жената, стоиме рамо до рамо сите заедно и го означуваме првиот, од 365 дена борба за еднаквост, за економска, политичка и социјална рамноправност, борба за прогрес!

СДСМ како проевропска и прогресивна партија ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ. Затоа отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Работевме напорно и постигнавме многу изминативе години. СДСМ е предводник на концептот 50-50 на листите за пратеници и советници, министерските позиции на СДСМ во Владата се 50% жени, а донесовме и многу мерки, закони и стратегии за заштита и унапредување на статусот на жените и девојките. Но, нашата работа не застанува тука, борбата за еднаквост продолжува.

Со победата на СДСМ на изборите, во мојот втор мандат, мора да ги удвоиме напорите и да изградиме општество во кое насилството врз девојки и жени е минато, а родовите стереотипи не постојат. Патот го трасиравме и од него враќање назад нема”, истакна претседателот Ковачевски.

Leave a comment