„Океани“ е новата песна на Слаткаристика и „Некст тајм“, посветена на сите кои се иселија од Македонија.
Слаткар и Лазар Цветкоски се автори на музиката, текстот заеднички го напишаа Стефан Филиповски, Слаткар и Цветкоски. „Цел живот на робија, е тоа е историја“, вели текстот.
„Веруваме дека ова е песна што ќе остане. Тоа е за нас најважно, да имаме што да оставиме на генерациите кои доаѓаат”, велат „Некст тајм“.
За „Океани” се сними и видеоспот, што го режираше Мартин Филиповски, а го снимаше Кристијан Теодоров.
