Политичките партии започнаа со подготовки за локалните избори. Од СДСМ велат дека веќе работат на агендата и „поставени се сите претседатели на општинските организации и консолидирана е внатрепартиската структура“.
„Охрабрува фактот што се повеќе луѓе доаѓаат на состаноците, ако споредиме со тоа што беше за кампањата или непосредно после кампањата пред една година. И тоа не некој начин ме охрабрува. Ги идентификуваме најдобрите луѓе да не претставуваат на локалните избори“, вели Венко Филипче.
А имињата на тие луѓе би биле познати до април. Филипче рече дека посебен акцент се става на разговори со други партии, како и независните кандидати. Коалиција со ДУИ не е во игра.
„Ние научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ, многу работи кои ни се удрија од глава“, вели Венко Филипче.
