После мошне успешната соработка со Ники Минаж и Тај Дола Сајн за хитот „Swalla“, како и актуелниот „If I’m Lucky“ (прв дел и втор дел), Џејсон Деруло деновиве го објави и третиот сингл што го најавува неговото петто студиско издание „777“. Станува збор за уште една соработка, овој пат со колегата Френч Монтана, а темата насловена „Tip Toe“ стигна со текстуално видео што ќе ве наврати на топлите летни денови.
