Груевски лоциран во скап унгарски ресторан, бегаше од новинар

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан. Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица за кои се претпоставува дека го обезбедуваат, а имал и личен возач. Груевски не одговараше на прашањата од новинарот дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија.

Груевски, според снимката, се превезува со возило од марката „фолксваген шарaн“.

 

Leave a comment