Очиглено Мајли Сајрус има фанови со “подлабок џеб” од Македонија кои присуствуваа и уживаа во нејзиниот настап на Гластонбери фестивалот во Англија. Инаку Гластонбери е фестивал кој се одржува повеќе денови во местото Пилтон, Англија и тоа секоја година, почнувајќи од 1970 година кон крајот на јуни и почетокот на јули.
Оваа година фестивалот се одржа од 26-ти до 30-ти јуни а помеѓу големиот број изведувачи беа Мајли Сајрус, Килерс, Кајли Миног, Шон Пол, Џенет Џексон, Ен Мари, Хемикал Брадерс…
