Лепа Брена ја смени фризурата, а нејзиниот нов имиџ ги воодушеви сите, па пејачката доби бројни комплименти за нејзиниот изглед.
Имено, пејачката неодамна беше на Златибор, а веднаш по враќањето отиде кај познатиот белградски фризер Мирослав Луковиќ, попознат како Мистер Х, да ја среди косата.
Таа се решила за драстична промена, па затоа значително ја осветли и скрати косата.
Задоволна од својот изглед, Брена позираше со фризерот и тоа насмеана, и ја покажа својата нова фризура.

