Внукот на Зоран Џорлев, Огнен Здравковски е млад македонски пејач кој откако почина неговиот вујко, постојано го привлекува вниманието на јавноста со пораките кои ги објавува во негова чест.
Огнен на раката го истетовирал виолинистот Џорлев, кој за жал прерано нè напушти уште првиот ден од годинава, како последица од Ковид-19.

„Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување“, напиша Огнен во описот на фотографијата која ја објави на својот Инстаграм профил.