(ВИДЕО) Невиден спектакл во Каиро: Златна парада на 22 фараони

Илјадници Египќани се собраа за да бидат сведоци на историската поворка на древните владетели на нивната земја низ главниот град Каиро.

Раскошниот, мултимилионски спектакл е организиран за да се пренесат 22 мумии – 18 кралеви и четири кралици – од нео-класичниот египетски музеј до нивното ново почивалиште оддалечено 5 км.

Со строги безбедносни аранжмани што им прилегаат на нивната кралска крв и статус на национално богатство, мумиите ќе бидат преместени во новиот Национален музеј на египетска цивилизација во она што се нарекува Златна парада на фараоните.

Тие ќе бидат пренесени со голема помпа по хронолошки редослед на нивното владеење.

Една од главните атракции на настанот е кралот Рамзес Втори, најпознатиот фараон на Новото кралство, кој владеел 67 години и останал запаметен по потпишувањето на првиот познат мировен договор.

Втора е кралицата Хатшепсут, или најистакната од благородни дами. Таа стана владетел иако обичаите во нејзиното време беа дека жените не стануваат фараони.

Секоја мумија се носи на украсено возило опремено со специјални амортизери и опкружено со воени кочии со коњи.

Патиштата по должината на трасата исто така се обновени за да се одржи патувањето без проблеми.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s