Според Сител ТВ, Македонија ќе и испрати на Украина оружје и опрема во вредност од над милион евра. Она што побарале властите од нападнатата држава е опрема за пешадијата. Македонија ќе испрати армиско пешадиско вооружување и муниција во поголеми количини за украинската војска велат извори за Сител. Отстапеното оружје и муниција нема да влијае на способноста и опременоста на македонската армија. Дополнително ќе биде испратена медицинска опрема, лекови и крвни единици, преку механизмите за цивилна помош и заштита на ЕУ и НАТО.
Поголема количина пешадиско оружје ќе биде испратена и од Хрватска во вредност од 17 милиони евра. Во прашање се пушки, митралези, заштитна опрема, опрема за четири бригади, односно за 12000 до 20 000 војници.
Грција веќе испрати муниција, пушки и ракетни фрлачи. Военста помош е транспортирана со авион Ц130 кој пристигнал во Полска. Дополнително два авиони со хуманитарна помош ќебиња и храна испраќаат грчките власти.
Меѓу останатите земји се Финска која за прв пат испраќа оружје за одбрана на друга држава. 2500 јуришни пушки, 150 000 парчиња муниција, 1500 ракетни фрлачи и храна. И неутрална Шведска одлучи да испрати оружје за украинската војска. На помош ќе пристигне и оружје од Италија. Во меѓувреме тие веќе исплатија 110 милиони евра помош за владата во Украина. Противтенковско оружје испраќаат и од Луксембург, додека пак некои земји членки одлучија да не се мешаат за да не ја загрозат својата безбедноста состојба.