Мирослав Илиќ, српската фолк-ѕвезда, но и еден од најпопуларните пејачи од поранешна Југославија, оваа сабота, во Скопје (по подолга пауза), одржа голем солистички концерт во салата „Борис Трајковски“.
Тој во Скопје престојуваше неколку дена, каде се дружеше со пријатели во една скопска кафана.
Додека заедно со пријатели седеше и уживаше во пријатан атмосфера и убавата храна реши и самиот да го земе микрофонот.
Тој реши да отпее неколку наши македонски песни, а гостите останаа без зборови од интерпретацијата на пејачот.